| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена е порноакадемија: Сопственикот снима и реално шоу, кое ќе се емитува во телевизијата на Берлускони

roko sifredi

Поранешната порноѕвезда Роко Сифреди отворил академија во која студентите во просториите што се држат во строга тајност, учат да го изразат својот вроден „талент“.

Над илјада кандидати конкурирале за упис на „Сифреди Хард академијата“, откако оваа „високообразовна институција“ се огласила во медиумите.

Според пишувањето на италијанските весници, на академијата, по приемниот испит се запишале 30 кандидати што поминале (15 мажи и 15 жени), кои со настава почнале на почетокот во октомври.

Кога го презентирал својот проект, Сифреди рекол дека го основал овој универзитет затоа што смета дека и „природните таленти мора да поминат низ обука“.

– Порноиндустријата сега е многу покомплексна отколку порано. Постои еден нов свет на секс што е потребно да се учи, објаснува 51-годишниот актер, додавајќи дека наставата ќе трае 15 дена, а ќе биде придружена со серија тестови – од позирање пред камери до дикција . Познат како „италијански пастув“, Сифреди сега е ангажиран со снимање и производство на порнографски филмови. Со своето семејство живее во Будимпешта, главниот град на порнографската индустрија. Во моментов снима реално шоу за себе „Каза Сифреди“, кое ќе се емитува на „Канал Ла5“, во сопственост на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top