Доколку ги препознавате климатските промени и ефектите што тие ги имаат во нашето секојдневие, а воедно сте и љубител на фотографијата, вклучете се во фото конкурсот #ДелувајСега.
Веќе 3 месеци група ентузијасти кои сакаат да допринесат во лоцирање на проблемите со климатските промени во Република Македонија, преку своите објективи активно испраќаат фотографии и ги посочуваат локациите кои тие ги фокусирале на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук.
За учество во конкурсот, сите фотографии со кои се пријавуваат учесниците, може да бидат фотографирани со било каков уред, без разлика дали се работи за професионален DSLR апарат, обичен мал фото апарат или мобилен телефон.
Само за потсетување, кандидатите можат да ја пријават својата фотографија или фотографии во било која од следните десет категории:
- Климатските промени и водата
- Климатските промени и здравјето
- Климатските промени и туризмот
- Климатските промени и транспортот
- Климатските промени и културното наследство
- Климатските промени и шумите
- Климатските промени и земјоделството
- Климатските промени и природните катастрофи
- Климатските промени и биодиверзитетот
- Климатските промени и обновливите извори на енергија
Членови од јавноста можат да фотографираат со било која камера и да ги пратат своите фотографии директно во инбокс на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук до 15ти ноември 2015 година, со име и презиме, контакт телефон, наслов на фотографијата и категорија под која што ја пријавуваат или преку електронска пошта на deluvajsega@gmail.com.
Авторите на најдобрите 20 фотографии ќе добијат велосипеди или фото-камери.
Победниците ќе бидат селектирани врз база на лајкови на Фејсбук (50%) и врз база на гласови на интернационално жири (50%), најдоцна до 30 ноември 2015 год.
Авторските права на сите фотографии ги задржува сопственикот на истите, а со самото испраќање на фотографиите и вклучувањето со нив во фото конкурсот учесникот дава согласност фотографиите да се искористат само за промотивните цели на овој фото конкурс.
Овој фото конкурс е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.
Ова се некои од најпопуларните фотографии до сега кои беа испратени од фото ентузијастите кои се вклучија во овој конкурс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.