| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро евтини летови за 69 долари од САД до Европа!?

Norwegian_airplane

Норвешката авиокомпанија „Norwegian Air Shuttle ASA“ се надева во 2017 година да започне да продава евтини авиобилети во еден правец од САД до Европа, по цени од 69 долари, користејќи ги американски аеродроми со пониски такси, изјави главниот извршен директор на компанијата Бјорн Ќос.
Третата најголема ниско-буџетна авиокомпанија во Европа, размислува за летови до Единбург и Берген од американски аеродроми, кои во денешно време речиси и да не се користат за меѓународни летови, како аеродромот во Вестчестер, Њујорк и аеродромот Бредли во Конектикат, сподели главниот извршен директор на компанијата за СиЕнБиСи.
Просечните цени на слични летови во два правци ќе бидат околу 300 долари, во споредба со цените на компанијата во моментов, кои се над 500 долари, поради повисоките трошоци на најпрометните аеродроми.
Авиокомпаниите како „Deutsche Lufthansa“ им нудат на патниците стотици дестинации преку поврзување на летови од дистрибутивните аеродроми, додека „Norwegian“ има за цел да им понуди директни летови до малку градови од двете страни на Атлантикот, што ќе и овозможи да задржи пониски цени.
– Мислам дека ќе видиме многу повеќе за ова по пет години, вели главниот извршен директор на компанијата.
– Што ќе се случи со „Lufthansa“, кога сите ќе започнат да користат директни летови?
„Norwegian“ има нарачано 100 авиони 737 MAX од „Boeing“ и очекува пет од нив да добие во 2017 година. Овие авиони можат да го прелетаат Атлантикот, но се помали од повеќето авиони кои во моментов го прават тоа, што ги прави погодни за меѓународни летови до градовите како што е на пример Бирмингем.
Регулаторните тела ќе треба да се согласат да стават царинска контрола на регионалните американски аеродроми, за да можат да служат во меѓународниот сообраќај, иако според главниот извршен директор на компанијата тоа нема да биде проблем.
„Norwegian“ не е единствената авиокомпанија која рекламира евтини прекуокеански летови. Исландската „Wow Air“ неодамна предложи карта во еден правец од Бостон до Париз за 99 долари.
Ниско-тарифната компанија на „Lufthansa“, „Eurowings“ исто така започнува да нуди евтини летови на поголема далечина.
Бјорн Ќос, главниот извршен директор на „Norwegian“ не се плаши од конкуренцијата на „Eurowings“, велејќи, „не мислам дека тие можат да одржуваат ниски цени со авиони Boeing 767“, делумно затоа што авионите со поширок корпус штедат помалку гориво и летаат на помали растојанија, во споредба со „Boeing Dreamliner“, со какви што лета „Norwegian“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top