Трагично починатата Катриона Вајт (30) оставила трогателно писмо, во кое го моли Џим Кери да ѝ прости.
Ирската шминкерка, која на 28 септември крена рака на себе, само два дена по годишнината од смртта на нејзиниот татко, оставила порака во која, меѓу другото, напишала:
„ Џим, јас те сакам. Те молам, прости ми“.
Извор близок до сајтот „Радаронлајн“, изјавил дека тој го прочитал писмото на несреќната девојка и дека во него пишувало дека таа „не е за овој свет“.
Во проштална порака, Катриона го замолила Џим „да се чува и дека, доколку е потребно, да му помогне на нејзиното семејство по нејзината смрт“.
Нејзината сестра Лиса и маќеата Брид допатувале во САД, со цел да го организираат погребот.
Претходната недела беше откриено дека Катриона била во брак во периодот кога го извршила самоубиство.
Таа, наводно, се омажила со извесен Марко кога првпат им се распаднала врската со Џим, но набргу потоа се вратила во Америка каде што ја обновила врската со холивудскиот комичар.
„Дејли мејл“ пишува дека Катриона била член на Сциентолошката црква, и непосредно пред нејзината смрт, почнала екстремен курс за „прочистување“.
Катриона оставила и пораката на „Твитер“ дека ја напушта социјалната мрежа.
„Јас се исклучувам од ’Твитер‘. Се надевам дека бев светлина во животот на најблиските“, напишала таа.
Истиот ден, таа го напишала и прошталното писмо за Џим Кери.
Младата шминкерка во нејзиниот дом ја пронашле пријателки, кои дошле да проверат како е по разделбата со Џим.
Полицијата се сомнева дека станува збор за предозирање со лекови, но точната причина за смртта ќе биде позната по обдукција, по неколку недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
Последната порака на Милан ја леди крвта – само еден месец потоа загина со жената!
-
И Кери знае да згреши: Сара Џесика Паркер разочара со изгледот на „Златните глобуси“
-
„Те молам немој да се размножуваш“, порака на шофершајбна која стана хит на социјалните мрежи