| четврток, 6 декември 2018 |

Што по незаштитен секс?

seksualna apstinencija

На секого може да му се случи во замав на страст да има незаштитен секс, но колку побргу се реагира, толку полесно ќе се избегнат несаканите последници.

Што треба, а што не треба да правите ако се најдете во ваква ситуација?

Туширањето не помага

Тажната вистина е дека во вакви ситуации штетата е веќе направена. Туширањето, лежењето во када само може да ги зголеми шансите да добиете сексуално пренослива болест, со тоа што дополнително ќе ја изиритирате кожата и ќе предизвикате микропукнатини преку кои вирусите и бактериите полесно ќе навлезат во организмот.
Напијте се апче за ден потоа

Оралната контрацепција ако се земе во рок од 24 часа по незаштитениот однос го намалува ризикот за несакана бременост дури до 95 проценти (89 проценти ако се земе во рок од 72 часа).
Тестирајте се за сексуално пренослива болест

Ако не го познавате доволно сексуалниот партнер, имате обврска и кон себе и кон идните сексуални партери да проверите да не сте „закачиле“ некоја болест. За сексуално преносливи болести може да се тестирате најмалку шест месеци по ризичниот однос.
Направете тест за бременост

Бременоста може да се открие по само три недели од незаштитениот однос, па ако се сомневате, важно е што порано да го направите тестот за да може со време да ги планирате опциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top