За тие на кои усогласувањето со европските норми не им е доволна причина, објаснуваме зошто со новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата брзината во населено место се ограничува на 50 место досегашните 60 км/ч. Имено, ако ние како возачи кои сме заштитени со челичниот кафез на каросеријата на возилата не се грижиме за безбедноста на позагрозените во сообраќајот од нас – пешаците и велосипедистите, дури и кога тие грешат и сами го загрозуваат својот живот, тогаш тоа мора да го направи законодавецот со помош на науката.
А таа вели дека енергијата на едно тело кое се движи е пропорционална со неговата маса и квадратот од брзината. Тоа значи дека при возењето со 60 место со 50 км/ч енергијата, која ја има возилото не е за 20 проценти поголема колку што е разликата од брзината, туку за 44 проценти, а за исто толку ќе биде подолг и патот на сопирање. Пресметано заедно со просечното време на реакција на возачот и возилото што е околу една секунда, просечно, но добро одржувано возило во исправна состојба комплетно да запре од брзина од 50 км/ч ќе му требаат 28 метри од моментот откако возачот ќе ја забележи опасноста. Во случај кога истото возило се движи со брзина од 60 км/ч да запре ќе му требаат 36 метри. Осум метри можеби изгледаат малку, но толку е широка една улица заедно со тротоарите, а посебно фрапантно делува фактот дека тоа по 28 метри, верувале или не, сè уште ќе се движи со 40 км/ч.
Преземено од Автомагазин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст