| четврток, 6 декември 2018 |

Миневски, Димковска и Илиевски учествуваа на Денови на македонската книжевност во Хрватска

Македонските писатели Блаже Миневски, Лидија Димковска и Владимир Илиевски, кои читаа извадоци на македонски јазик со превод на хрватски јазик, го проследија голем број хрватски писатели, љубители на пишаниот збор, пријатели на Македонија и македонската литература, како и Македонци кои живеат и работат во Загреб.

Македонските писатели остварија контакти со хрватски издавачки куќи заинтересирани за објавување на нивни дела на хрватски јазик. Во таа насока беше организирана и трибината за преводот, со модераторство на проф. д-р Борислав Павловски и со учество на уредници на издавачки куќи и преведувачи од македонски на хрватски јазик, меѓу кои и Ивица Баковиќ, Маја Мастнар-Цар и други.

Беше констатирано дека соодносот на преведени книги од хрватски на македонски и обратно е во огромна диспропорција, односно бројот на хрватски книги преведени во Македонија во изминаативе две и пол децении е за осум пати поголем во споредба со македонските книги преведени во Хрватска, што секако отвора можност за многу поголем ангажман во однос на претствувањето, промовирањето и поддршката на преводот на дела од македонската книжевност во регионот но и пошироко.

 

Присутните беа информирани и за отворениот конкурс на македонското Министерство за култура за поддршка на превод на македонски дела на други јазици, како и за деталите во врска со апликацијата и конкурирање за средства за поддршка на преводот на релевантни македонски дела на хрватски јазик.

Следната година овој проект за претставување на соседните книжевности на Балканот продолжува со реципрочна соработка со бугарската Национална библиотека, а потоа и со словенечката, црногорската, босанската, романската…

Притоа основната идеја на овој концепт е со конкретна комуникација меѓу книжевностите на земјите од Југоисточна Европа, не само да се потврди и поддржи потребата за меѓусебно приближување, размена и превод на врвни книжевни дела, туку да се отворат и нови можности за уште поголема културна комуникација на народите од овој дел на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top