Денеска во Тирана во Националниот историски музеј ќе се одржи Вториот конгрес на македонската партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција.
Мотото на конгресот е „Обединети за интеграција“.
Конгресот треба да донесе програма за работа и резолуција за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија.
Членовите на Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги претставуваат 140 делегати од Мала Преспа, Корча, Билишта, Подградец, Тирана, Елбасан, Драч, Гора и Голо Брдо.
Конгресот треба да го прогласи составот на 40-члениот Централен комитет на партијата и ќе избере претседател и Надзорен одбор до 2017 година.
Засега за претседател на македонска партија е номиниран Едмонд Темелко, актуелен градоначалник на општина Пустец и досегашен претседател на Македонска алијанса за европска интеграција.
Конгресот ќе донесе одлука за учество на Македонската алијанса за европска интеграција на парламентарните избори во Република Албанија јуни 2013 година, со овластување Централниот комитет да донесе одлука за коалицирање, да потврди договор за коалиција и да утврди листа на кандидати за пратеници од Македонската алијанса за европска интеграција. Партијата е формирана на 30 октомври 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


