| четврток, 6 декември 2018 |

Центрите за бегалци во Шведска се преполни

svedska

Центрите за бегалци во Шведска достигнаа точка на пренатрупаност, предупреди агенцијата за миграции на оваа скандинавска земја, која бара скривниците и други соодветни објекти да бидат искористени за сместување на емигрантите пред почетокот на зимата.

Агенцијата истакнува дека во минатите неколку дена во Шведска дневно пристигнувале по 1.500 барања за азил, а повеќе стотини луѓе веќе чекаат на обработка поради што постои ризик до крајот на неделата да снема кревети.

 

– Ситуацијата е многу сериозна. Вршиме ревизија на сместувачките капацитет и бараме решенија. Може да бидат сали за вежбање, но и скривници од природни катастрофи можат да се употребат – изјавил портпаролот на агенцијата Пјер Карачијан.

Ситуацијата е комплицирана затоа што се повеќе азиланти остануваат во бегалските центри, иако добиле дозвола за престој во Шведска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top