| четврток, 6 декември 2018 |

Немања Матиќ: Српскиот состав е силен и нема да падне на албанските провокации

Фокусот на фудбалската јавност е свртена кон Елбасан, Албанија каде утре со почеток од 20.45 часот треба да се одигра квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу домаќинот и Србија.
Еден од столбовите во тимот играчот на Челси Немања Матиќ во изјава за српските медиуми најави беспотешдна битка на теренот. Поради опасноста од евентуална саботажа или напад Србите денеска го откажаа вообичаениот тренинг на стадионот каде утре ќе се игра мечот, но Немања Матиќ очекува тоа да не остави трага врз играта на неговата селекција.

– Нема да паднеме на албанските провокации. Дури е и нормално да има провокации за време на еден натпревар, на нас ќе биде да не им обрнеме внимание и целосно да сме фокусирани на случувањата на теренот, таму да го дадеме најдоброто од себе и да стигнеме до позитивен резултат – изјави фудбалерот на Челси, Немања Матиќ

Тој во изминатите денови тренираше со намален интензитет поради ситна повреда, но Матиќ сигурно ќе се појави од првата минута на теренот во Елбасан.

– Подготвен сум, тренирам со максимален интензитет и утре сигурно ќе играм. Знам дека атмосферата ќе биде неверојатна, дека стадионот ќе биде преполн, но за нас како спортисти е многу подобро да играме пред полни трибини, отколку без навивачи. Сигурен сум дека атмосферата на стадионот ќе биде дополнителна мотивација за нас – додаде Матиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top