Репрезентацијата на Србија пристигна на аеродромот во Тирана со директен лет од Белград за мечот од квалификациите за ЕП со домаќинот Албанија.
Натпреварот кој е наречен „меч од највисок ризик“ во светот, треба да се одигра утре на стадионот во Елбасан со со почетокот од 20.45 часот.
Целата српска делегација вклучувајќи ги и новинарите од таа земја без поголеми задржувања беа проследени во автобусите кои требаше да ги одведат до хотелите со огромно полициско обзбедување.
По патот накај хотелот Шератон каде се сместени српските репрезентативци група од неодговорни навивачи на Албанија се обиде и успеа со камен да го погоди автобусот и да скрши две стакла стакла.
– За жал дојде до инцидент. Еден навивач со камен го погоди автобусот каде се наоѓаат нашите играчи, скршено е стакло, но за среќа нема повредени – пренесува „Спортски Журнал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија


