| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските црвени бригадири се заканија: Слобода за Морина или смрт за српските фудбалери

morina

И Албанија има „Црвени бригади“ веројатно како пандан на познатата терористичка организација од Италија, а албанските бригадири се заканија со крвопролевање, ако не биде ослободен Исмаил Морина. Морина го управуваше дронот во Белград на мечот меѓу Србија и Албанија со знамето на Голема Албанија и предизвика вистински хаос на стадионот „ЈНА“.

Денеска Морина е упасен поради нелегално поседување на оружје, а „Црвените бригади“ се заканија дека ќе ги нападнат српските репрезентативци, ако тој не биде ослободен од затвор.

„Ништо не може да не сопре ако не го ослободите Морина. Ќе има крвопролевање. Ќе ги нападнеме Србите. Тие се наши непријатели. И светот ќе види кои се Албанците“, стои во соопштението на албанските „Црвени бригади“.

 

Утревечер од 20,45 часот во Елбасан ќе играат Албанија и Србија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top