Во Центарот за обука на кадри при Министерството за внатрешни работи во Идризово од денеска започна едногодишна обука на 660 кандидати за полициски службеници кои беа селектирани по објавениот оглас за прием на 600 полициски службеници, кој беше објавен на 10 јули 2015 година.
Како што е познато на конкурсот објавен на 10.07.2015 за прием на 600 извршители на работното место „полицаец“ беа пријавени околу 3.000 кандидати, стои во денешното соопштение од МВР. Кандидатите, се потсетува, беа избрани по завршување на неколку фази на проверки по принципот на рангирање. Опфатени се тестирања на физичките способности на пријавените кандидати, потоа психо-образовни тестирања и здравствени проверки. Притоа, со овие кандидати, се наведува во соопштението, е потпишан договор за основна обука за полицаец во траење од една година започнувајќи од 07.10.2015 година.
Интернатската обука на кандидатите ќе се одвива во три образовни модули- јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи. Секој од модулите, се подвлекува, трае четири месеци, од кои три месеци кандидатите ќе имаат теоретска обука, а по еден месец практична, теренска обука. По завршената основна обука, Договор за вработување во МВР потпишуваат 600 кандидати согласно ранг листата изготвена од Центарот за обука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре