| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца ја испрати Исидора Бјелица на лечење во Лондон

Исидора Бјелица неодамна изјави дека нема веќе пари за да го продолжи лечењето на туморот, со кој се бори по третпат.

Кога го дознала ова Светлана Ражнатовиќ – Цеца, одлучила да ѝ помогне на својата долгогодишна пријателка. Српската фолк-ѕвезда ја испрати Јелица на лечење во една од најдобрите клиники во Лондон.

Писателката веќе под надзор на најдобриот тим на професионалци во Англија.

308537

Откако помина неколку месеци во Швајцарија, каде поради недостаток на финансиски средства не можеше да ја прими комплетната терапија, Бјелица се врати во Србија.

– Исидора е моја долгогодишна пријателка. Кога ми беше најтешко, таа беше покрај мене. Сега кога нејзе ѝ е тешко, секако и јас ќе бидам покрај неа. Ќе ја поддржувам и во добро и во зло – изјави Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top