| четврток, 6 декември 2018 |

Дигиталната зависност го нарушува памтењето на човекот

Најновото истражување покажува дека претераното користење на компјутер и други електронски уреди негативно влијае на човековото однесување.

Студијата покажала дека сѐ повеќе луѓе ги користат компјутерите за меморирање на информации, отколку да ги памтат важните новости.

Поголем број возрасни лица и понатаму може да се сетат на својот број на телефонот од детството, но не можат да ги запаметат телефонските броеви на блиските членови на семејството.

Марија Вимбер од Универзитетот во Бирмингем изјави дека трендот на барање на информации по пат на компутер и интернет го спречува собирањето на долгорочното сеќавање.

Студијата ги опфатила мемориските навики на 6.000 возрасни во Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Белгија, Холандија и Луксембург. Истражувањето покажало дека повеќе од една третина од испитанците се повикувале на компјутрите или некои други електоронски уреди за да се присетат за некоја информација.

Студијата сугерира дека ослонувањето на компјутерите има за последица долгорочно влијание на развојот на сеќавањето.

– Се чини дека мозокот засилува одредено сеќавање секој пат кога ќе се присетиме, а истовремено брише некои неважни спомени – изјави докторката Вимбер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top