Бугарија се залага за активна соработка во балканскиот регион и за интергација на сите држави од Западниот Балкан во ЕУ, изјави денеска во Софија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
Во обраќањето на Бугарско-албанскиот бизнис форум во Софија, на кој присуствува и неговиот албански колега Бујар Нишани, Плевнелиев нагласи дека развојот на трговско-економските односи меѓу државите од Балканскиот Полуостров е од клучно значење за Бугарија,
– Бугарија и помага на Албанија. Ние сме подготвени во иднина да ја продлабочиме нашата соработка во сите можни правци – изјави Плевнелиев.
Како што јави БТА, тој нагласи и дека Бугарија е подготвена да и помогне на Албанија со своето искуство во процесот на евроинтеграцијата.
– Бугарија денес е пример за коректно и ефиксано користење на еврфондовите – посочи Плевнелиев во обраќањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.