| четврток, 6 декември 2018 |

Интернетот гори: Британец симпатизер на борците на ИД ја објави адресата на маринец кој го убил Бин Ладен (видео)

Британец ги објави  упатствата како може да се дојде до Роберт О Нил, кој сам признал дека го убил Бин Ладен.

robert_1000x0

Симпатизер на борците на исламската држава кој живее во Велика Британија, ја објави адресата на американскиот маринец кој го уби Осама Бин ладен и ги повика терористите да го ликвидираат.

Тој ги повика “браќата Американци“ да го убијат Роберт О Нил и дал јасни упатства како тој што сака може да го пронајде.

„Ја оставам оваа информација за Роберт О Нил на моите браќа во САД и Ал Каеда во САД, како цел број еден која треба да се најде, фати и убие“, пишува во објавата, пренесува Мирор.

Оваа негова порака како молња се прошири на социјалните мрежи, помеѓу симпатизерите на ИСИС.

Потсетуваме О Нил самиот објави дека лично, за време на операцијата во Пакистан во јуни 2011 го убил Осама Бин Ладен.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top