Владата на Јапонија поднесе денеска оставка пред реконструкцијата, која премиерот Шинѕо Абе треба да ја изврши подоцна денеска.
Според досегашните информации на медиумите, Абе ќе остави во Кабинетот повеќе од половина од сегашните 19 министри, вклучувајќи го и главниот секретар и министрите за финансии, одбрана и надворешни работи.
Се очекува да бидат сменети министерот за економија, трговија и и индустрија, како и министерот за образование, култура и спорт.
Се формира нова министерска позиција за социјални прашања поврзани со стареењето и намалувањето на населението.
Се очекува новата влада како приоритети да ги постави економскиот раст зголемувањето на наталитетот и рефомирање на преоптоварениот социјален систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст