| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз за МЗТ во Србија

Иако по втората четвртина заминаа во соблекуваните со убедливи 11 поени во нивна корист, кошаркарите на МЗТ вечерва го загубија мечот против Партизан.

Во салата „Пионир“ избраниците на Алеш Пипан направија голем број на почетнички грешки, за кои на крајот беа казнети од младиот состав на српскиот тим. Во третото коло на АБА-лигата, Партизан славеше над МЗТ со 72:69.

Македонските кошаркари имаа одлични први две четвртини, кога остварија предност од 49:38, но веќе во третата четвртина нивната игра попушти. Во последните две четвртини „Штрковите“ се на се постигнаа 20 поени.

Дамјан Стојановски со 14 поени беше најдобриот поединец во екипата на МЗТ Скопје. Во следното коло в петок, во АБА лигата, МЗТ Скопје ќе му гостува на Мега Лекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top