| четврток, 6 декември 2018 |

Расправата за екстерното тестирање продолжува утре

Собранието на Република Македонија попладнево ја прекина расправата по предлог-измените на Законот за основно образование, поднесени од страна на опозицијата.

Расправата, како што најави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, продолжува утре.

Во текот на денешната расправа, пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ изнесоа спротиставени ставови во однос на екстерното тестирање. Едните побараа укинување на тестирањето со образложение дека со тоа не се подобрува квалитетот на образованието, а другите сметаат дека се работи за добар концепт кој им се овозможува на сите ученици да бидат оценувани со исти критериуми.

– Целта е сите ученици да бидат оценувани по исти критериуми без разлика чии деца се. Сите тие се наши деца и имаат право да бидат оценувани според исти критериуми, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Маријанчо Николов од СДСМ, оценките од екстерното не се одраз на постигнатото во текот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top