Македонскиот пејач се пофали со својата диплома на социјалните мрежи. Од денеска Димитар Андоновски е дипломиран економист-менаџер. Своето образование го стекна на Славјанскиот универзитет во Битола.
Неодамна Андоновски ја озакони својата врска со прилепчанката Христина. Двојката се регистрираше во матично во август, додека неколку недели подоцна се заколнаа на вечна љубов во манастирот Бигорски.
Големата свадбена веселба е закажана за овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.