| четврток, 6 декември 2018 |

Машина на НАСА му помага на Рибери во рехабилитацијата

frank riberi

Францускиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Франк Рибери, би можел многу скоро да се врати на терените по тешката повреда.
Тој се повреди во рамките од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк и оттогаш поминаа цели седум месеци, а тој не може целосно да закрепне.
Според најновите информации, Пеп Гвардиола ќе може да смета на него во многу скоро време, благодарение на антигравитациската машина на НАСА со која Французинот вежба во изминатиот период и што му помогна да ја забрза рехабилитацијата. Уредот олеснува 80% од тежината на зглобовите и е направен за тренирање на астронаутите.

– Навистина правам сè што можам и сè што ми наредија лекарите, но и покрај тоа, болката не поминува – изјави Рибери за „Спорт1“. Искусниот 32-годишниот фудбалер ги пропушти изминатите 28 средби на баварскиот клуб кој досега победи на сите средби во Бундеслигата и се наоѓа на првото место на табелата.

Германските медиуми најавуваат дека тој, сепак, влегол во последната фаза од рехабилитациската програма и до крајот на месецов ќе го има своето враќање на теренот.

На претстојниот натпревар од деветтото коло во Бундеслигата, Гвардиола ќе може да смета на капитенот на холандската репрезентација, Арјен Робен, кој еден месец не му беше на располагање на стручниот штаб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top