Подземната сообраќајница во ценарот на Скопје ќе почне да се гради од септември. Најголемиот проект во Градот се проценува дека ќе чини од 40 до 45 милиони евра.
Премиерот Никола Груевски денеска заедно со градоначалниците на Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ ги беше на местото каде што ќе се гради сообраќајницата. Груевски соопшти дека Градот Скопје во соработка со владата и општина Центар објавиле тендер за изградба на подземната сообраќајница која ќе понира кај Народна Банка на Република Македонија а ќе излегува пред владата.
– Досега 20-тина фирми имаат подигнато документација, но има време уште да подигнат, има и домашни и странски фирми. Очигледно проектот е интересен за сите. Очекувањето е некаде во јуни да се достават понудите, во јули да се изврши избор и доколку се е во ред во септември да почне изградбата на сообраќајницата. Таа значително ќе го растовари сообраќајот во центарот на Скопје, особено за оние возила кои немаат намера да се задржат во центарот. Тоа ќе помогне и за побрзо и побезбедно движење низ градот, рече Груевски.
Трајановски објасни дека оваа подземна сообраќајница ќе има кружни сообраќајници на две нивоа на двата нејзини влеза. Ќе биде во должината од 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии