Денеска беа презентирани резултатите од вториот откуп на уметнички дела и скулптури од галериски формат на Министерството за култура.
-Со задоволство би сакала да потсетам дека со првиот откуп на уметнички дела, фондовите на нашите национални установи, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Македонија и на останатите институции од областа на културата се збогатија со 64 ликовни дела на 60 македонски автори, уметнички слики, скулптури, инсталации кои го потврдуваат историскиот континуитет на современото македонско творештво. Овие уметнички дела беа презентирани и пред јавноста во рамките на наменски подготвената изложба во Чифте амам, која предизвика голем интерес и кај посетителите и кај стручната јавност. Откупот на уметничките дела несомнено се покажа како вистинскиот модел за поддршка на македонските автори и на македонското творештво. Токму со оваа стимулативна мерка, на долг рок, верувам дека ќе се унапредат состојбите во ликовната дејност кај нас, ќе се овозможи дополнување на музејските збирки на нашите институции со вредни содржини, а воедно авторите ќе се стимулираат да создаваат поголема и поквалитетна продукција на дела – рече министерката за култруа Елизабета Канческа-Милевска.
На вториот конкурс за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности до Министерството за култура пристигнале вкупно 128 пријави за 313 ликовни (уметнички) дела, додека пак на конкурсот за откуп на скулптури од галериски формат биле доставени 42 пријави за 97 дела.
-Сите пристигнати пријави беа навистина внимателно разгледани и оценети од стручната комисија во состав: Викторија Васева–Димеска, Маја Неделковска-Брзанова, Сафет Ахмети и Конча Пирковска, која според јасно утврдените критериуми и потребите на нашите институции изврши избор на 45 уметнички дела на 42 автори и 18 скулптури на 15 македонски автори. Меѓу авторите на делата кои се откупени се наоѓаат уметници кои дале исклучителен, индивидуален придонес во развојот на ликовната уметност во Република Македонија, автори потврдени промотори, иницијатори на одредени појави, движења и стилови во националната уметност, уметници кои учествувале на значајни групни изложби или манифестации во земјава и во странство, како и дела од млади уметници со истакнат ликовен израз. Во интерес на времето ќе споменам само дел од овие имиња: Томо Шијак, Драгутин Аврамовски Гуте, Љубомир Белогаски, Александар Јанкуловски Цане, Вангел Коџоман, Вангел Наумовски, Нове Франговски, Јован Шумковски, Благоја Маневски, Коле Манев, Ацо Станковски, Нехат Беќири, Сергеј Андреевски, Ирена Паскали, Јасминка Новковска, Данчо Ордев и други, рече Канческа-Милевска.
Таа соопшти дека на конкурсот за откуп на скулптури од галерски формат ќе бидат откупени делата на: Јордан Грабуловски, Стефан Маневски, Илија Аџиевски, Александар Ивановски Карадаре, Васил Василев, Станко Павлески, Исмет Рамиќевиќ, Беди Ибраими, Жарко Башески и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст