Северна Кореја и препорача на Русија да разгледа можност за евакуација на својата амбасада во Пјонгјанг поради заострените односи на Корејскиот полуостров, соопштија руски дипломати. Слична сугестија добиле и во кинеската амбасада, а на Велика Британија пак и било порачано ако планира да го повлече персоналот да ги извести севернокорејските власти до 10 април.
Вакви пораки добиле и други амбасади на земји од ЕУ. Во Северна Кореја имаат амбасади околу дваесет земји.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров рекол дека не разбира зошто Северна Кореја предложила да се затворат амбасадите, изразувајќи загриженост поради високите тензии. На препораката на Пјонгјанг од министерството одговориле дека Русија очекува „максимална воздржаност и прибраност на сите страни“. Портпаролот Александар Лукашевич ја критикувал Северна Кореја поради нејзиното „дрско занемарување“ на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
Британскиот форин офис пак, се уште разгледува каков чекор да преземе во Северна Кореја, но на предлогот за затворање на амбасадата гледаат како на обид да се претстават САД како закана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.