| четврток, 6 декември 2018 |

Три премиери во кино „Милениум“

Во скопското кино „Милениум“ неделава ќе има три премиерни филмски остварувања. Станува збор за два филма за младата публика и една одлична британска криминалистичка приказна, инспирирана од вистински настан.
В четврток, 8 октомври во терминот од 20 часот, е премиерата на филмот „Легенда“. Вистинска приказна за двајца браќа, криминалци, кои владееле со лондонското подземје во 60-тите години на минатиот век. Режијата е на Брајан Хелџеленд, а главните улоги ги толкуваат Том Харди, Емили Бровинг, Тарон Егертон.
unnamed
Вториот новитет е вонвременската приказна за Петар Пан, многупати илустрирана, анимирана, прераскажана, овој пат во вид на филмски продукт. „Пан: Патување во недојдија“ е во режија на Џо Рајт, со Хју Џекмен, Леви Милер, Џими Ви, Руни Мара во главните улоги, од четврток, 8 октомври на репертоарот на „Милениум“.
Третата премиера е „Упс! Ное си замина“. Станува збор за анимирана, комична авантура за најмладата публика. Синхронизирана на македонски јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top