Такааки Каџита од Јапонија и Артур Мекдоналд од Канада се добитници на годинешната Нобелова награда за физика за откривањето на неутрино осцилациите.
Кралската академија во Шведска соопшти дека двајцата научници дале клучен придонес во експериментите кои докажуваат дека неутрините го менуваат идентитетот.
Неутрините се честички кои летаат низ вселената речиси со брзина на светлината. Се формираат или се ослободуваат при нуклеарни реакции во сонцето или ѕвездите, или во нуклеарните централи.
Каџита, 56 години, е директор на Институтот за истражување на вселенските зраци и професор на Универзитетот во Токио. Мекдоналд, 72 години, е професор на Универзитетот Квинс во Кингстон, Канада.
Утре Нобеловиот комитет ќе ја додели наградата за хемија, в четврток наградата за литература, наградата за мир в петок, а во понеделник последната овогодишна награда, наградата за економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст