| четврток, 6 декември 2018 |

Мегацунами ќе го уништи светот?

Научниците што ги спроведуваат истражувањата на островите Кејп тврдат дека пронашле докази дека таму пред 73.000 години настанало мегацунами поголемо од кое било кое што човечката раса некогаш го видела.

Гигантски бран висок 244 метри се формирал по ненадејно уривање на голем дел од вулканот и буквално потопил остров кој се наоѓал на оддалеченост од 50 километри.

Своите истражувања, експертите ги објавиле во престижниот весник „Сајнс адвансис“, и во нивната студија предупредуваат на висок ризик од ненадејно уривање на вулкан.

– Падот може да биде исклучително брз и катастрофален, а може да предизвика гигантско цунами- вели водечкиот истражувач Рикардо Рамалхо од Американскиот универзитет „Колумбија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top