Најуспешната манекенка во историјата и денес, на скоро 50 години, изгледа како супермодел. Синди Крафорд беше фотографирана по бикини додека одмараше во Малибу заедно со нејзиниот сопруг, 53-годишниот Ранд Гербер.
Гербер, со кој имаат 2 деца, не пропушти јавно да и’ се восхитува на својата сопруга, објавувајќи нејзина фотографија на „Инстаграм“.
– Кому му е потребна фризура и шминка кога изгледа вака по скокање во океанот? – пишува под неа тој.
Крафорд во моментот е ангажирана околу промоцијата на нејзината книга „Becoming“, во која ќе го открие манекенскиот свет проживеан и виден низ нејзините очи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.