Русија нема да учествува во копнени операции од каков било вид во Сирија, а Москва е подготвена да соработува со сите држави заинтересирани за уништување на терористичката група Исламска држава, изјави претседателката на Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.
– Нема да учествуваме во копнени операции од кој било вид, а подготвени сме да соработуваме со сите земји во заедничките напори против глобалното зло – тероризмот – истакна Матвијенко по состанокот со претседателот на јорданскиот Совет на Парламентот, Абделрауф ал Равабдех.
Матвијенко потсети дека Русија, Ирак, Сирија и Иран формираа коoрдинативен центар, наведувајќи дека е „невозможно да води борба против ИД и да се уништи без соработка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.