Русија ги уништува позициите на ИСИС низ Сирија со оружје со висока прецизност, кое овозможува максимално избегнување на цивилни жртви, пишува РТ.
Новинари на Раша тудеј биле во руската воена база во Латакија каде што ги снимиле ракетите со модерен навигациски систем што го користат руските пилоти.
Новинарот напоменува дека најважна е подготовката, а се се случува многу брзо. Големата прецизност бара повеќе време потребно за лоцирање на метата, а ракетата потоа ја испраќа на одредената точка. Иако поголемиот број мисии не вклучуваат долго летање, Русите се добро подготвени. Руските бомбардери имаат комфорт и простор за потребите на пилотите изложени на голем притисок и срес. Така, во пилотската кабина освен удобни столици, се наоѓа и санитарен чвор.
Но, освен бомбардерите и паметните бомби, Бизнис инсајдер наведува со кое друго оружје Русија ја снабдува сириската војска.
Станува збор за рачно оружје, (пиштоли, пушки), ракетни фрлачи, унапредени БТР-82А, оклопни возила за превоз на војници, но и Камаз воени камиони.
Покрај тоа, според пишувањето на порталот timesofisrael, сателитските снимки откриле дека на подрачјето кое е под контрола на Асад има и тенкови од типот Т-90 како и борбени авиони од типот Сухои.
– Русија испорачува се што е потребно од оружје за борба против Исламската држава, рекол Игор Коротченко, уредни на рускиот магазин „Национална одбрана“. Тој тврди дека оружјето обезбедува тространа стратегија која вклучува: извидување, воздушни напади и копнени сили. Кога би се користеле поединечно, не би имале ефект, рекол тој.
Неколку тенкови Т-90 според американски официјални лица минатиот месец пристигнале во воздушната база во Латакија. Тенкот опремен со топ од калибар 125 мм, и противвоздушен митралез. Тенковите од типот Т-72 сириската армија ги користи од многу одамна.
Сириската војска наводно користи и руски повеќецевни фрлачи на ракети, таканаречени „Smerch“ што значи „вртлог“. Станува збор за систем кој е развиен во 80-тите години од минатиот век. Покрај тоа, во Сирија наводно се користи и ракетниот систем „Град“ кој користи ракети од калибар 300 мм.
Тука се и веќе споменатите борбени авиони Сухои Су-24 и Су-25, а наводно Русија ја снабдила Сирија и со дронови, но не е познато за кои модели станува збор и за која цел се користат – дали само за извидување или и за напади.
Бизнис инсајдер и претходно пишуваше дека Сирија наводно го нарачала и софистицираниот систем за противвоздушна одбрана С-300. Москва сепак решила да се воздржи за сега да го испорача тој ракетен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.