| четврток, 6 декември 2018 |

Жени кои мажите ги избегнуваат

Дали знаевте дека постојат одредени типови на жени од кои мажите би побегнале, во секој миг? Мајкл Стивенсон, американски психолог направил листа од најтипичните жени кои мажите ги избегнуваат.

Несигурна девојка

Таа е ноќна мора на секој маж. Плаче и се жали за секоја ситница, постојано и треба нешто, никогаш не е задоволна.На почетокот на врската, глуми дека е независна и способна, но со тек нa време, нејзината несигурност излегува на виделина. Мажите брзо се заљубуваат во овие девојки, но уште побрзо се одљубуваат, кога ќе почнат да чувствуваат како да се дават во нејзините солзи.

Девојка која ги мрази мажите

Таа е самостојна, успешна, независна и целосно подготвена низ животот да оди без посилна половина. Таа тоа не го крие и токму поради тоа претставува предизвик за мажите. Многумина ќе се обидат да ја скротат, да ја променат, да ја натерат  да ги засака.Но, поради нејзината сила и постојана желба за независност, мажите не остануваат долго во врска со неа, но сметаат дека ја добиле во битката доколку ја одведат во кревет.

Спонзоруша

За неколку секунди може да ја скенира имотната состојба на мажот кој ја интересира и да пресмета колку му вредат куќата,автомобилот и викендичката. Ја импресионираат кредитни картички и секако овластувањето да ги користи истите. Таа не се заљубува во мажот, туку во неговиот животен стил и среќна е само додека го добива она што го сака.Живее под мотото „Додека сиромаштијата не не раздели“.

Ледена принцеза

Таа е жената која кокетира со сите.Обично изгледа како топ манекенка, но постудена е од Сибир. Бакнежите и прегратките и се нешто непознати, бидејќи за неа тие се „губење време“. Има секс само за да ги задоволи своите основни потреби, а кога ќе се здосади од еден, се префрла на друг маж. Често е груба, па кога партнерот ќе побара малку внимание , таа може да му каже: Остави ме на мира, зафатена сум.

Г-ѓица Идеална

Таа изгледа совршено, беспрекорно е нашминкана и облечена. Секогаш знае што треба да каже, насмеана е и изгледа како никогаш да нема проблеми. Таа е совршена, па истото го очекува и од партнерот.

Крими инспекторка

Поставува безброј прашања на кој никој нема вистински одговор. Сака мажот да и доставува извештаи за сите негови работи и често го следи во секој чекор. Има совршена меморија.Најсреќна е кога критикува.Ги памти ситниците од пред десет години и ги вади од ракав кога ќе и се укаже прилика. Разговорот со неа изгледа како полициско испитување, а заедничкиот живот-робија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top