| четврток, 6 декември 2018 |

Проникнувањето на радикалниот ислам на Балканот опасно за сите земји

­ Српскиот амбасадор во Москва Славенко Терзиќ го оцени како „крајно актуелно“ прашањето за проникнувањето на радикалниот ислам на Балканот заедно со приливот на имигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, јави ТАСС.

terzic

 

Терзиќ истакна дека илегалните имигранти се голем тест за Европа и за целиот свет, а Србија е непосредна жртва на бегалскиот бран.

Тој истакна дека во последните четири месеци во Србија пристигнале 200.000 имигранти, кои претставуваат „социјално­економски предизвик“, со кој Белград не може да се справи сам. ­

– Прашањето треба да се реши на европско ниво. Унгарија постави ограда, а откако и Хрватска ја затвори границата, во Србија се појавија економски потешкотии. Прашањето со имигрантите треба да се реши итно и со заеднички напори, рече амбасадорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top