| четврток, 6 декември 2018 |

Заев разочаран од Мет Дејмон

Zaev-kvadricikl

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев тргна по патот трасиран од рускиот претседател Владимир Путин кој во рамките на својата пи-ар кампања се вози во подморници, се слика со лавови и тигри и се слика во кимоно додека ја тренира својата специјалност – џудо.

Заев викендов имаше фотосесија на квадрицикл, моторно возило на четири тркала кое го возеше на отварањето на интернационалното рели со теренски возила и автомобили кое се одржа во Струмица.

Првичните желби на ПР тимот на Заев биле исто како Путин да се слика во подморница која ќе се нурне во реката Струмица, меѓутоа од оправдани причини лидерот на СДСМ во последен момент се откажал од оваа идеја – бил толку убаво облечен во нови фармерки и бела кошула кои не сакал да ризикува да ги наводени при евентуални проблеми на подморницата па затоа на крај се одлучил сепак да вози квадрицикл.

Во наредниот период од ПР тимот на Заев најавуваат уште неколку активности и изненадувања, а дел од нив се: „Заев во зоолошка градина прави селфи со фоките“, „Заев ќе биде втора измена на штафетата 4х100 на општина Струмица“ на новиот меѓуопштински атлетски турнир кој ќе го организираат за оваа намена и „Заев ќе спасува мачка качена на гранка од дрво“.

Кога се во прашање источните вештини, Заев не планира да го копира Путин и да се запише на тренинзи за џудо туку планира да продолжи неколку пати годишно да се маскира во самурај, како што беше преубаво маскиран пред некоја година на струмичкиот карневал.

Неофицијално дознаваме дека струмичкиот градоначалник имал огромна желба да биде и првиот човек на Марс, меѓутоа плановите за изградба на струмички вселенски центар ги отповикал откако пред неколку денови на кино дознал дека Мет Дејмон успеал да се качи на Марс пред него.

zaev-martian

 

 Кромиди Запад

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top