| четврток, 6 декември 2018 |

Затруените гостиварки се во добра здравствена состојба

Двете гостиварки што синоќа биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје со симптоми на малаксаност, вртоглавица и сонливост, откако претходно јаделе печурки што сами ги собрале и, веројатно, биле отровни, се во добра здравствена состојба.

В.д. директорот на Клиниката, Нестор Поповски изјави дека на двете гостиварки веднаш им се направени потребните лабораториски испитувања и сите параметри се добри. Посочи дека ако резултатите од дополнителните испитувања се добри, тие утре ќе бидат пуштени дома.

– Граѓаните што не ги познаваат печурките не треба да ги собираат. Би апелирал да се избегнува да се собираат печурки во природа. При труење со отровни печурки страдаат повеќе органи – додаде Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top