Доколку долго време сте во врска или во брак, понекогаш е потребно повторно да ги разбудите вашите чувства и да го натерате партнерот да се сети зошто е токму со вас. За секој знак постојат различни трикови и со секој различно може да ја освежите љубовта.
Овен
Овните сакаат акција и авантура затоа што тоа ги буди нивните страсти. Ако сакате да ја освежите врската со Овен, одведете го на некој фудбалски натпревар за да ужива гледајќи го неговиот омилен тим.
Бик
Романтичната вечера во природа, по можност на место каде што има животни е полн погодок кога зборуваме за Биковите.
Близнаци
Оние кои се родени во овој знак сакаат интелигентни луѓе – затоа потрудете се да организирате интересна вечер со луѓе кои имаат што да кажат, а сепак можат да најдат заеднички јазик со Близнакот. Вечно ќе ви биде благодарен.
Рак
Ако сакате да ги разгорите нештата помеѓу вас и извесен Рак тогаш релаксирајте се во сопствениот дом во придружба на топол пијалак, добар филм и камин.
Лав
Лавовите се личности кои сакаат да се чувствуваат владетели на светот, па ако сакате да направите нешто романтично за нив, резервирајте викенд за двајца и посетете ги сите познати ресторани и клубови.
Девица
Девиците се љубители на селото – па затоа идеално решение е некое етно село каде можете да уживате во тишината на природата. Уште ако им угодите на секој можен начин додека сте заедно бидете сигурни дека одново ќе го освоите нивното срце.
Вага
Дегустација на вино ќе ја воодушеви секоја Вага. Многу е важно добро да се облечете и Вагата да знае дека тоа го направивте за неа. Некој скап поклон е подеднакво добра идеја.
Скорпија
Скорпиите сакаат изненадувања, па затоа не им кажувајте ништо за вашите планови, туку тргнете на патување без многу да објаснувате. Додатни поени ако сте таинствени и креативни.
Стрелец
Ако сакате да восхитите Стрелец, одведете го/ја на место каде никогаш не бил/а. Тие не сакаат да патуваат сами, па ако се сложите да патувате со нив, тие тоа ќе го сметаат како романтичен гест.
Јарец
Најдобар романтичен состанок со Јарец е да го одведете на трчање или планирање. Јарците се спортисти во душа, па со ваквиот состанок ќе погодите точно во целта.
Водолија
Ако сакате да восхитите некоја Водолија тогаш одете на некоја река каде можете да се возите со чамец и да пиете вино. Со обѕир на тоа дека повеќе сакаат друштво отколку да бидат сами, подеднакво добра идеја е да им организирате некоја забава во нивна чест. Тоа ќе биде врвниот романтичен гест, а и лесно ќе го прочитате задоволството од нивното лице.
Риби
Рибите се романтични сами по себе, па викенд во бања за нив претставува идеално место. Уживајте заедно во масажите и максимално релаксирајте се, па вашите страсти одново ќе се разбудат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.