Во пресрет на историскиот меч во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година меѓу Албанија и Србија, кој треба да се одигра в четврток во Елбасан, селекторот на Албанците, Џани де Бјази одржа прес-конференција, која покрај тоа што го објави списокот на репрезентативци, се осврна и на противникот.
– Не се плашам од ниту еден играч на Србија – изјави на почетокот Бјази, но напомена дека го цениот српскиот состав.
– Сепак, морам да истакнам дека сите ги почитувам бидејќи играат во големи европски клубови. По мене тие се еден од најдобрите тимови во групата, ако не и најдобар. Сепак, табелата покажува дека имаат некои слабости и проблеми и ќе се обидеме тоа да го искористиме – додаде Италијанецот на клупата на Албанија.
– Кога и да ме прашаат, секогаш ќе го добијат истиот одговор. Никогаш не го започнувам натпреварот за да освојам бод. Секогаш ме интересирала победата, па така ќе биде и сега. Мора да ги нападнеме Србите за да оствариме позитивен резултат – заврши Џани де Бјази.
Натпреварот се игра в четврток, со почеток од 20.45 часот на стадинот во Елбасан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.