По повод Светската недела на детето, Коалицијата на младински организации СЕГА од денеска до 11 октомври ќе реализира повеќе локални акции создадени од четириесет и две деца од различни националности од Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и од Кавадарци.
Децата беа дел од вториот Летен камп 2015 година во Струга, во состав на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација“. Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена, кои беа дел од кампот, имаа за цел да обезбедат квалитетно меѓукултурно искуство на децата и, исто така, да ги научат начините и методите со кои можат да ги промовираат детските права и меѓукултурната комуникација.
Активностите што ќе се спроведуваат се дел од кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“ Овие активности се организираат во состав на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој го спроведуваат во партнерство, Коалицијата на младински организации СЕГА, Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст