| четврток, 6 декември 2018 |

Четири драми од Венко Андоновски преведени на хрватски јазик

Во издание на Друштвото на хрватските писатели, во едицијата „Мала библиотека“, излезе од печат на хрватски јазик книгата „Генетика на кучињата“, со поднаслов „Избрани драми и комедии“ од Венко Андоновски.

venko-genetika-pasa

Книгата има 314 страници. Станува збор за колекција од четири драми на Андоновски: „За секого има по една“, „Олово на перница“, „Граница“ и „Генетика на кучињата“, сите во превод на хрватскиот македонист, проф. д-р Борислав Павловски.

Книгата е збогатена и со поговор на 33 страници, од истакнатиот хрватски театролог Мира Мухоберац. Покрај констатацијата дека станува збор за еден од најпознатите македонски писатели во последниве две децении, Мухоберац истакнува дека во драмите на Андоновски се открива еден „новосфатен свет, македонски, балкански, европски, егзистенцијално вечен, еден универзум скаменет од политика и од црнила, кој можните љубов и слобода ги претвора во трпење и мака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top