| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски камион се судри со автобус полн со емигранти кај Врање (ФОТО)

Bujanovac---Autobus-nakon-n_620x0

Најмалку едно лице е загинато, а девет се повредени синоќа на патот Врање-Прешево, околу 22.30 часот во судир на камион и на автобус, кој пренесувал емигранти.

Во несреќата животот го загубила жена од Блискиот Исток.

Од деветте патници, едно лице е тешко повредено, а осум се полесно повредени, пренесува „РТС“. Сите се пренесени во болницата во Врање.

Bujanovac---Migranti-nakon-

Несреќата се случила кога камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, се судрил со автобус од Лесковац, кој емигрантите ги пренесувал од Прешево кон Врање и Белград.

Приведен е возачот на автобусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top