Апелациски суд во градот Клуж ги осуди условно на три години Флорин Асимионесеј, директор на весник и Алин Токан уредник на весник поради изнудување политичари и бизнисмени во периодот 2001-2004 година.
Двајцата се осудени да платат по 22.000 евра обештетување за министерот за транспорт Релу Фенекиу и други лица. Фенекиу изјави дека откако не одобрил рекламирање во нивниот весник, новинарите му публикувале статии со клевети за семејството и неговите бизнис-интереси. Весникот, кој сега се вика „Добар ден Јаш“, публикуваше редакциски материјал во кој го оквалификува решението на Судот како политички мотивирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


