Едно лице загина во сообраќајната несреќа, која рано утрово се случи на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар кај каменоломот на „Трансмет“ на местото викано Зли Дол.
Според информациите од СВР Битола, до несреќата дошло кога комби „ситроен џамбо“со прилепски регистарски таблички удрило во влекач со полуприколка, со битолски таблички, кое било паркирано покрај патот, најверојатно бидејќи било расипано.
Во судирот, животот го загубил возачот на комбито, чиешто тело екипите на противпожарната служба сѐ уште се обидуваат да го извлечат.
Полицијата сѐ уште врши увид на местото, по што ќе се знаат и причините за несреќата, како и идентитетот на загинатиот возач.
Патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.