Снимањето на францускиот филм „А Фонд“ денеска продолжува поради што скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај во наредните пет работни дена, од 5 до 18 часот.
Доколу временските услови се лоши и времето е дождливо, обиколницата ќе биде отворена за сообраќај, но потоа ќе се користат дополнителни денови за снимање.
Снимањето на оваа локација, како што е планирано, треба да заврши на 10 октомври, но доколку поради лоши временски услови во одредени денови не се снима, рокот ќе биде одолжен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.