| четврток, 6 декември 2018 |

Стотина безживотни тела на мигранти на либискиот брег

libyaОд водите на Средоземното Море во последниве пет дена на либискиот брег биле исфрлени најмалку 95 безживотни тела, за кои се претпоставува дека им припаѓаат на удавени илегални имигранти, соопшти претставник на Црвената полумесечина на Либија.

Според него, 85 од телата биле пронајдени во близина на либискиот главен град Триполи, а десет кај местото Санрата, кое важи за главна појдовна точка на бродовите за превоз на илегални имигранти кон Европа.

Од почетокот на годината, според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), на пат кон Европа во водите на Средоземното Море, загинале над 2.600 илегални имигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top