| четврток, 6 декември 2018 |

Асад би заминал од власт доколку е тоа решение

Bashar_al-Assad_FAH4Башар Ал-Асад денеска за иранска телевизија посочи дека е подготвен да замине од власта ако е тоа решение за сириската криза. Тој додаде дека и дека Сирија, Русија, Иран и Ирак се обединиле во борбата против терористичката Исламска држава, но дека стравува дека неуспех на тоа поле ќе го разори Блискиот исток.

– Тие четири држави ќе постигнат резултат за разлика од коалицијата предводена од САД, чии што напади за време н едногодишната воздушна интервенција против ИД во Сирија и Ирак предизвика ширење на насилството. Сирија и сојузниците мора да успеат или ќе бидеме соочени со разорување на целиот регион- оценува Асад.

-Додека западот со една рака пука врз сириските бегалци, а со другата ги храни, Русија никогаш ништо не ни наметнала, особено не сега во оваа криза- посочи Асад, кој се надоврза дека главните терористички лидери во Сирија и Ирак се оние од Европа. Сирискиот народ е единствен кој треба да одлучи за смена на политичкиот систем во земјата, вели Башар Ал-Асад.

Неговите противници тврдат дека за решение на кризата во земјата тој треба да се тргне од власт, иако во последно време дел од европските држави даваат поумерени изјави, со тоа дека Асад може да остане на власт за време на преодниот период.

Асад пак не гледа политичко решение се додека има држави кои и натаму го поддржуваат тероризмот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top