Повеќе од 76.000 државјани на Србија поднеле барање за унгарски пасош, објавија унгарските власти.
За добивање право на унгарско државјанство услов е подносителите на барањето да зборуваат унгарски јазик и нивните предци пред 1920 година или меѓу 1938 и 1945 година да биле државјани на Унгарија.
Според порталот „Војводина денес“, најмногу молби стигнале од државјаните на Романија 283.866, а на второ место се Србите со 76.652 барања. Трета е Украина со 50.658.
Откако Унгарија ја олеснила процедурата за добивање државјанство, поднесени се 422 илјади молби, а биле доделени 340 илјади нови државјанства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)