| четврток, 6 декември 2018 |

Испратила смс на грешен број, ја пронашла љубовта на својот живот

Пред само три години тогаш 53-годишната Кеси Берг не верувала дека повторно ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Сепак, додека била на пат кон Денвер случајно испратила порака на непознат број.

Бидејќи на нејзинaта колешка и бил променет летот, Кеси испратила порака за состанокот со друг колега на погрешен број и тоа на 23-годишниот Хенри Гленденинг.

Додека повеќето луѓе би ја игнорирале пораката, Хенри се одлучил да одговори и ја прашал доколку нема што друго да прави дека со задоволство би сакал да и прави друштво.

Хенри изјави дека бил инспириран од книгата „Тајна“, според која испраќајќи позитивни мисли во вселената истото го добиваме назад.

„Не ни сметаше разликата во годините. Бевме поврзани со некоја длабока врска, од самиот старт и тоа многу силно“ – додава Хенри.

Ова лето, после три години од случајната порака, парот се венча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top