| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени малолетните љубовници, стигнале до бегалски камп во Бугарија

Седумнаесетгодишниот Момчило Петковиќ и четири години помладата Анџела Стојнев, се понајдени во бегалски камп во Софија, Бугарија и во понеделник ќе бидат вратени во Србија.

Полицијата соопштила дека идентитетот на децата е потврден така што дефинитивно нема повеќе никакви сомневања дека тоа се вљубената двојка малолетници од Ниш, по кои се трагаше со денови. Во процедурата е вклучен и Интерпол, а неофицијално, проблем може да биде тоа што малолетниците ја поминале српско-бугарската граница илегално, пишува „Србија данас“.

Малолетниците ја кренаа Србија на нозе откако на 25 септември е пријавено нивното исчезнување, а радосната вест за пронаоѓањето следувала на 2 октомври, откако Момчило му се јавил телефонски на својот татко и му рекол да дојде по него во Бугарија, каде се пријавиле како бегалци од Иран со намера да стасаат до западна Европа.

Таткото на момчето во петокот веднаш отишол во бегалскиот камп, за да го потврди индентитетот на синот. Поддршка имал од Министерството за надворешни работи и амбасадата на Србија во Бугарија, но веќе било доцна во вечерните часови да се започе со процедурата за враќање па таа е одложена за понеделник.

– Децата со автостоп дошле до Књажевац од каде им се изгубил секој траг. Се претпоставува дека од тој град преминале илегално во Бугарија пешки и се пријавиле како бегалци од Иран. Дале лажни ирански имиња со намера да добијат бегалски статус, но на нивната „авантура“ дошол крајот кога бугарските власти изразиле намера да ги депортираат во Иран. Момчило тогаш, за среќа, му се јавил на татка си и му рекол каде се наоѓаат – рекол извор за „Србија данас“

По враќањето на децата во Србија ќе се утврди дали имале помошници при преоѓањето на српско-бугаската граница, или сами ја извеле целата „авантура“ која сепак заврши среќно.

Отишле во училиште и исчезнале

Момчило и Анџела исчезнале минатиот петок наутро, кога, секој од својат куќа, тргнале во училиште, но таму не се појавиле. Родителите на двете деца веднаш по откривањето на нивното бегство се посомневале дека заедно побегнале.

Тие двајца биле во љубовна врска, на која се противиле родителите на Анџела сметајќи дека таа е премногу млада за врска. Исчезнувањето веднаш било пријавено во полиција, која започнала потрага.

Нивните фотографии биле објавени во медиумите со апел да се јави секој којшто ќе ги забележи. Два дена по исчезнувањето биле забележани во Књажевац. Оттогаш до вчера, од нив немало ниту еден траг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top