Хуманитарниот пикник во организација на „Алкалоид“, се одржа по петти пат во хотелот „Белви“. Собраните средства во износ од 750 илјади денари, се наменети за Црвен Крст.
„По петти пат, вработените во „Алкалоид“ и нивните семејства ја покажаа својата хуманост, а компанијата својата општествена одговорност. Овојпат собраните средства одат за Црвениот крст, со кој долги години соработуваме,“ изјави Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“.
Сузана Тунева Пауновска од Црвен крст на Македонија, потенцираше дека до сега со „Алкалоид“ спровеле голем број на акции кои се однесуваат на најранливите категории на граѓани, а сега од голема важност е и справувањето со бегалците и помошта која им ја даваат.
Информираше дека до вчера во земјата влегле вкупно 127.000 бегалци.
Сузана Тунева Пауновска од Црвениот крст се заблагодари за донацијата и посочи дека за нив претставува посебна чест и гордост зад нивната хумана мисија да ја имаат компанијата „Алкалоид“, која, како што рече, изминатите години покажала дека корпоративната одговорност и хуманиот и социјален одговор во заедницата се нивна дневна агенда.
– Црвениот крст на РМ сака да ви се заблагодари за тоа што ги препознавте капацитетите на оваа хуманитарна организација да излезе во пресрет на потребите на ранливите категории население во државата и огромниот број мигранти. Заклучно со вчерашниот ден 127.000 мигранти транзитираа низ нашата држава. Kако народ ја имаме хуманата димензија и сите заедно можеме да покажеме дека нашата таковина навистина може да биде место за добробит на секој човек кој се нашол во неволја, истакна Тунева Пауновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст