| четврток, 6 декември 2018 |

Во тепачка пред Народна банка средношколци претепаа две деца

поли

Вчера околу 20 часот пред Народна банка во Скопје, средношколци го нападнаа 15-годишниот И.Ј. и 16-годишниот З.Е.

На автобуска станица пред Народна банка во Скопје, на булеварот „К.Ј.Питу“, М.М. со група од 15-тина средношколци, физички ги нападнале И.Ј. (2000) и З.Е. (1999) удирајќи ги по телото, а потоа се качиле во приватен автобус бр.55.

Автобусот е стопиран на последна 45-ка, лицата се приведени во ПС-Гази Баба, а повредените се пренесени во УЦ-Скопје, каде им се констатирани повреди во пределот на главата и телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top